Владата го разреши новинарот Зоран Иванов од позицијата во МИА поради навредлива објава за Захариева

На иницијатива на премиерот Зоран Заев и на министерот за надворешни работи Бујар Османи, поведена е постапка за разрешување на новинарот Зоран Иванов од функцијата претседател и член на Надзорен одбор на Медиумската информативна агенција (МИА), соопштија од Владата.

Постапката за разрешување е покрената, како што објаснуваат, поради „недолична јавна комуникација и ширење говор на омраза кон владини претставници на соседот Република Бугарија“.

Се работи за Фејсбук статусот на Иванов објавен вчера, во кои „ги прозва“ Дора Бакојани (министерка за надворешни работи на Грција во 2008 година, кога на самитот во Букурешт Грција ѝ стави вето на Македонија за членство во НАТО) и актуелната министерка за надворешни работи на Бугарија – Екатерина Захариева.

Дека за статусот на Иванов имало реакции, сведочат и останатите објави на социјалните профили на Иванов од вчера наваму:

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови

„За шокираните за да не се пенават толку, еве ги метафорите: ‘Кyчка’ е карактер, ‘фpигидна’ е политика, ‘cвpшува’ е чин, ок? “, пишува тој денеска, за подоцна да соопшти и дека и покрај барањата, нема да го избрише она што го напишал:

„(На барањата да го повлечам постот за ‘фpигидните’) – Петар Чаулев за Мајскиот: Не лижам тоа што сум го плукнал. Бил Македонец“.

По соопштението на Владата, следуваше уште една објава на Иванов, овојпат со порака до опозицијата, меѓу другото:

„До опозицијата, а по повод одлуката за моето разрешување од НО на МИА: Не делкајте јазик на оваа тема, образот има цена“, порача новинарот.

- Реклама -