Владата одлучи: Скратено работно време за угостителските објекти, забрането групирање по 21 часот, препорака да не се излегува без потреба

На денешната седница, Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести, усвои нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, информира премиерот Зоран Заев на Фејсбук. Имено:

• Се скратува работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучок се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.

• Забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.

• Покрај ова, Владата усвои и препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби, информира премиерот.

- Реклама -