Аеродром со 710, Скопје со 3.828 од вкупно 7.963 активни случаи на ковид во земјава

Како што информираше Министерството за здравство, во последните 24 часа регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19, односно 32.9% позитивни од 2647 направени тестови.

Согласно ова, бројот на активни случаи во земјата се искачи на 7.963.

По денешните 422 новодијагностицирани, во Скопје бројот на активни случаи изнесува 3828. И натаму предводи општина Аеродром, која ја надмина „границата“ од 700 и сега има 710 активни случаи. По општини, состојбата во главниот град изгледа вака:

• Чаир – 180
• Гази Баба – 492
• Аеродром – 710
• Карпош – 580
• Центар – 535
• Кисела Вода – 467
• Ѓорче Петров – 324
• Бутел – 186
• Шуто Оризари – 35
• Студеничани – 14
• Сарај – 29
• Арачиново – 8
• Илинден – 66
• Сопиште – 35
• Чучер Сандево – 20
• Петровец –24
• Зелениково -10
• Странец – 22
• Нераспределен- 91

На ниво на државата, согласно досега направените епидемиолошки анкети, состојбата изгледа вака:

• Скопје 12363, активни 3828
• Куманово 2189, активни 348
• Дебар 331, активни 53
• Штип 1597, активни 227
• Прилеп 1172, активни 366
• Тетово 2030, активни 451
• Струга 807, активни 98
• Велес 586, активни 212
• Битола 606, активни 219
• Охрид 658, активни 200
• Кавадарци 447, активни 177
• Гостивар 1145, активни 165
• Гевгелија 345, активни 168 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 52 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 817, активни 458
• Крива Паланка 218, активни 71
• Радовиш 217, активни 79
• Крушево 23, активни 3
• Кочани 661, активни 195
• Пробиштип 172, активни 38
• Демир Хисар 77, активни 15
• Македонски Брод 103, активни 7
• Пехчево 57, активни 6
• Берово 198, активни 45
• Валандово 95, активни 33
• Виница 165, активни 55
• Делчево 237, активни 106 (54 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 40, активни 11
• Свети Николе 462, активни 70
• Кичево 514, активни 136
• Ресен 235, активни 59
• Неготино 130, активни 64 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Што се однесува до исполнетоста на болниците, денеска трет ден по ред имало хоспитализирани над 620 пациенти позитивни или сомнителни на Ковид-19. Имено, утрово во болниците имало 625 пациенти, што е намалување во однос на вчерашната рекордна бројка од 646, но сепак е втора највисока од почетокот на пандемијата.

Во последните 24 часа, на Инфективната клиника примени се 13 пациенти, а вкупно хоспитализирани 150, од кои 113 се на кислородна поддршка. Нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 деца и 8 позитивни мајки, 3 деца и 2 мајки суспектни на ковид-19

Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 48 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 64, а во болницата во Штип се 48 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 294 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

- Реклама -