По денес објавените убедливо рекордни 641 новодијагностицирани случаи на Ковид-19 во последните 24 часа, од рекордни 2.688 тестирања, бројот на активни случаи во земјата изнесува 6.069.
Од нив, во главниот град се регистрирани 2.983, од кои најголемиот дел во Аеродром, каде се бележат 592 активни случаи. По општини, состојбата изгледа вака:
• Чаир – 134
• Гази Баба – 353
• Аеродром – 592
• Карпош – 479
• Центар – 476
• Кисела Вода – 332
• Ѓорче Петров – 240
• Бутел – 122
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 6
• Сарај – 23
• Арачиново – 9
• Илинден – 49
• Сопиште – 25
• Чучер Сандево – 11
• Петровец –20
• Зелениково – 9
• Странец – 14
• Нераспределен- 72
Според завршените епидемиолошки анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 10493, активни 2983
• Куманово 2024, активни 252
• Дебар 310, активни 49
• Штип 1486, активни 172
• Прилеп 973, активни 237
• Тетово 1786, активни 314
• Струга 759, активни 78
• Велес 458, активни 113
• Битола 490, активни 152
• Охрид 543, активни 116
• Кавадарци 352, активни 102
• Гостивар 1053, активни 111
• Гевгелија 287, активни 150 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 44 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 630, активни 369
• Крива Паланка 193, активни 67
• Радовиш 184, активни 72
• Крушево 21, активни 1
• Кочани 583, активни 181
• Пробиштип 144, активни 16
• Демир Хисар 71, активни 10
• Македонски Брод 98, активни 4
• Пехчево 57, активни 11
• Берово 175, активни 46
• Валандово 86, активни 46
• Виница 154, активни 51
• Делчево 215, активни 118 (43 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 34, активни 8
• Свети Николе 430, активни 59
• Кичево 442, активни 96
• Ресен 210, активни 46
• Неготино 95, активни 39 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
По рекордните 487 пред два дена на 19 октомври, денеска вторпат од почетокот на пандемијата бројот на пациенти во болниците, позитивни или сомнителни на ковид-19, надмина 480 – утрово имало вкупно 481 хоспиталзиирани.
• Во последните 24 часа на Инфективната клиника примени се 20 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 108 пациенти, од кои 80 се на кислородна поддршка. Нема пациенти на респиратор.
• Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот.
• Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.
• Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти.
• На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 214, позитивни и сомнителни на Ковид-19.