Четворица починати и 408 нови случаи на Ковид-19 во земјава, вкупниот број надмина 24 илјади

Во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство. Новозаразени се регистрирани во:

Скопје-227,
Куманово-12,
Штип-15,
Прилеп-4,
Тетово-34,
Струга-5,
Велес-15,
Битола-10,
Охрид-23,
Кавадарци-4,
Гостивар-2,
Струмица-18,
Крива Паланка-6,
Радовиш-7,
Кочани-4,
Демир Хисар-4,
Пехчево-2,
Берово-2,
Виница-1,
Делчево-1,
Свети Николе-3,
Кичево-6,
Ресен-1,
Неготино-2.

Починати се 4 лица, двајца пациенти од Скопје (64 и 77г), еден од Ресен (59г) и еден пациент од Битола (76г). Од нив еден пациент е починат вон болнички услови, останатите се починати во болница.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 281 оздравен пациент од:

-Скопје 148
-Куманово 4
-Штип 17
-Прилеп 16
-Тетово 18
-Струга 4
-Велес 4
-Битола 8
-Охрид 3
-Кавадарци 8
-Гостивар 3
-Гевгелија 9
-Струмица 12
-Крива Паланка 6
-Радовиш 2
-Кочани 3
-Пробиштип 4
-Берово 1
-Валандово 2
-Кратово 2
-Свети Николе 2
-Кичево 4
-Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 223.922 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24196, бројката на оздравени пациенти е 17672, на починати е 850, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5674.

- Реклама -