414 пациенти во болниците, а Аеродром, Карпош и Центар со по над 300 активни случаи на Ковид-19

По денес регистрираните повторно високи 383 случаи на Ковид-19 во земјава, бројот на активни случаи изнесува 3.951.

Од нив, 1.743 се во Скопје. Во главниот град, дури три општини имаат над 300 активни случаи. Дистрибуцијата изгледа вака:

• Чаир – 92
• Гази Баба – 168
• Аеродром – 311
• Карпош – 301
• Центар – 316
• Кисела Вода – 208
• Ѓорче Петров – 149
• Бутел – 67
• Шуто Оризари – 15
• Студеничани – 3
• Сарај – 16
• Арачиново – 4
• Илинден – 31
• Сопиште – 9
• Чучер Сандево – 6
• Петровец – 7
• Зелениково – 3
• Странец – 14
• Нераспределен-23

Дистрибуцијата на активни случаи, по градови, изгледа вака:

• Скопје 8478, активни 1743
• Куманово 1879, активни 172
• Дебар 294, активни 36
• Штип 1361, активни 119
• Прилеп 813, активни 176
• Тетово 1585, активни 210
• Струга 720, активни 63
• Велес 378, активни 56
• Битола 388, активни 105
• Охрид 463, активни 48
• Кавадарци 278, активни 60
• Гостивар 978, активни 75
• Гевгелија 201, активни 95 (11 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 29 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 428, активни 264
• Крива Паланка 152, активни 48
• Радовиш 139, активни 57
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 495, активни 219
• Пробиштип 129, активни 22
• Демир Хисар 62, активни 2
• Македонски Брод 96, активни 3
• Пехчево 48, активни 5
• Берово 147, активни 54
• Валандово 65, активни 45
• Виница 131, активни 41
• Делчево 187, активни 96 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 27, активни 3
• Свети Николе 401, активни 68
• Кичево 357, активни 35
• Ресен 170, активни 11
• Неготино 67, активни 19 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Денеска во болниците имало 414 пациенти позитивни или суспектни на вирусот (највисоката бројка забележана е 428):

• Во изминативе 24 часа на Инфективната клиника примени се 14 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 96 пациенти, од кои на кислородна поддршка се 58 пациенти.
• Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, нема хоспитализирани пациенти суспектни на вирусот.
• Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 41 пациент. На респиратор се 4 пациенти. • Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се 45 пациенти.
• На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 195, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

- Реклама -