По новите рекордни 364 новозаразени во последните 24 часа, бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.147, информира Министерството за здравство.
Од нив, 1.315 се во Скопје. Две скопски општини – Аеродром и Центар, имаат над 240 активни случаи. Дистрибуцијата по општини (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена) во главниот град, денеска изгледа вака:
• Чаир – 72
• Гази Баба – 140
• Аеродром – 240
• Карпош – 214
• Центар – 241
• Кисела Вода – 138
• Ѓорче Петров – 104
• Бутел – 49
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 4
• Сарај – 15
• Арачиново – 4
• Илинден – 31
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 8
• Зелениково – 4
• Странец – 10
• Нераспределен-17
Според завршените епидемиолошки анализи, дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 7908, активни 1315
• Куманово 1836, активни 167
• Дебар 291, активни 34
• Штип 1319, активни 88
• Прилеп 754, активни 134
• Тетово 1536, активни 181
• Струга 700, активни 46
• Велес 352, активни 36
• Битола 354, активни 84
• Охрид 447, активни 35
• Кавадарци 260, активни 44
• Гостивар 963, активни 70
• Гевгелија 160, активни 61 (11 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 23 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 350, активни 203
• Крива Паланка 135, активни 40
• Радовиш 118, активни 45
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 466, активни 199
• Пробиштип 121, активни 18
• Демир Хисар 62, активни 2
• Македонски Брод 94, активни 1
• Пехчево 46, активни 3
• Берово 132, активни 50
• Валандово 57, активни 42
• Виница 128, активни 38
• Делчево 179, активни 89 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 26, активни 2
• Свети Николе 391, активни 66
• Кичево 343, активни 31
• Ресен 167, активни 8
• Неготино 62, активни 14 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Како што информираше и министерот за здравство Венко Филипче, денеска, за првпат од крајот на јули, е помината и границата од 400 пациенти позитивни или сомнителни на ковид-19 во болниците низ земјава. Хоспитализирани се вкупно 414.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на Ковид-19.