Бројот на хоспитализирани порасна на близу 380, 2.683 активни случаи на Ковид-19 низ земјата

Продолжува да се зголемува бројот на пациенти позитивни или сомнителни на Ковид-19 во болниците. Како што информира Министерството за здравство, утрово низ болниците во Македонија имало вкупно 379 вакви пациенти. Ова е вторпат во последните денови оваа бројка да ја надмине „границата“ од 370. Последен пат над 370 пациенти во болниците, позитивни или сомнителни на Ковид-19, имаше на 17 август.

Во последните 24 часа, на Инфективната клиника примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле нема хоспитализирани позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” примени се 8, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 189, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

По денешните 225 новозаразени, бројот на активни случаи изнесува 2.683, од кои 1.005 се во Скопје. Денес се евидентираат два контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 7538, активни 1005
• Куманово 1812, активни 167
• Дебар 287, активни 32
• Штип 1294, активни 69
• Прилеп 737, активни 147
• Тетово 1509, активни 168
• Струга 694, активни 47
• Велес 341, активни 32
• Битола 338, активни 77
• Охрид 442, активни 35
• Кавадарци 252, активни 39
• Гостивар 948, активни 66
• Гевгелија 143, активни 46 (9 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 21 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 316, активни 177
• Крива Паланка 127, активни 35
• Радовиш 102, активни 34
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 432, активни 171
• Пробиштип 119, активни 19
• Демир Хисар 62, активни 2
• Македонски Брод 93, активни 3
• Пехчево 46, активни 4
• Берово 130, активни 50
• Валандово 51, активни 36
• Виница 126, активни 37
• Делчево 174, активни 84 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 26, активни 2
• Свети Николе 376, активни 53
• Кичево 336, активни 26
• Ресен 166, активни 8
• Неготино 59, активни 11 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

• Чаир – 61
• Гази Баба – 114
• Аеродром – 173
• Карпош – 147
• Центар – 171
• Кисела Вода – 116
• Ѓорче Петров – 74
• Бутел – 44
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 4
• Сарај – 14
• Арачиново – 5
• Илинден – 32
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 7
• Зелениково – 3
• Странец – 9
• Нераспределен-7

- Реклама -