Захариева: Гоце Делчев е едно од многуте прашања што треба да се решат, добрососедството не го измисли Бугарија

„Добрососедските односи не ги измисли Бугарија, туку се основен услов и критериум за членство во ЕУ. Македонија мора да го почитува и да го спроведува Договорот за пријателство и добрососедство што го потпишавме“, порача  бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи – Екатерина Захариева.

Таа истакна дека „Гоце Делчев е едно од многуте прашања што треба да се решат“, пренесува БГНЕС.

„Ние инсистираме добрососедство, кое не е критериум измислен од Бугарија туку е европски, да биде набљудувано за време на целата преговарачка рамка“, додаде Захариева.

„Во многу наврати апелиравме да се врата на спроведување на договорот. Веќе има контакти меѓу членовите на Мешовитата комисија за историски прашања. Нејзината работа беше запрена пред една година, еднострано од Скопје“, тврди шефицата на бугарската дипломатија.

Прочитајте и:  Македонија и ЕУ потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана

Во однос на прашањето за одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговори меѓу Македонија и ЕУ, Захариева истакна дека преговарачката рамка е сѐ уште во фаза на дискусија во рамките на европските работни групи и сѐ уште не е дојдена ни на ниво на амбасадори.

Захариева истакна дека очекува нејзиниот македонски колега – Бујар Османи, да ја посети Софија следната недела.

Како што истакна, никој не може да ја предаде својата историја и дека позицијата на Бугарија е, со тоа, да не ја предаде својата иднина.

„Историјата треба да се признае таква каква што е. Овде не станува збор за илјадници години, овде има доволно пишани автентични историски извори“, рече Захариева.

- Реклама -