Околу стотина граѓани донирале за Левица, сумите се движат од 100 ден. до над 500 евра

„На повикот за донации на Левица, досега се одзваа околу стотина наши сограѓани… Донациите се движат од симболични 100 денари, па се до над 500 ЕУР ✊ “,  соопшти претседателот на партијата – Димитар Апасиев, на социјалните мрежи.

Пред десетина дена, партијата – чии пари беа заглавени во „Еуростандард банка“ поради стечајот, упати „повик за акција и донација“ до своите „соборци“ (членови, симпатизери и поддржувачи), со порака дека никогаш нема да стане партија која одработува за лоби групи и затоа се обраќа до нив, граѓаните, за донации.

Според Апасиев, досега одзивот на „соборците“ е позитивен:

„Ако акцијата продолжи со ова темпо, нема да мораме да затвораме ниту една локална канцеларија, иако тоа најмногу го посакуваа нашите политички непријатели 😉

Прочитајте и:  Левица: Премиерот Мицкоски и министерот Тошковски го изгубија судскиот спор со Левица

Бидете така! Борбата продолжува. ФАЛА ВИ НА СИТЕ ОД СЕ СРЦЕ ❤ #НародотЗаЛевица #ЛевицаЗаНародот“, напиша тој на Фејсбук.

 

- Реклама -