Бугарија со меморандум до ЕУ: Македонскиот јазик и идентитет постојат од 1944-та и се проект на Тито

Официјална Софија го подржува процесот на напредокот на Скопје кон ЕУ, но „не не може да дозволи влезот на Северна Македонија во ЕУ да биде користен како платформа за македонизам базиран на антибугарска идеологија“ – се вели во „Објаснувачкиот меморандум за односите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија во контекст на проширување на ЕУ и процесот на стабилизација и асоцијација“ кој Бугарија го доставила до земјите-членки на ЕУ, објави порталот „Радио Слободна Европа“, откако имал увид во документот.

Како што се вели во бугарскиот меморандум, Македонците се проект на Тито, а македонскиот јазик не постоел до втори август 1944 година. Според официјална Софија, формирањето на македонската нација е проект на Белград меѓу двете светски војни за поткопување на бугарскиот идентитет, прво преку неуспешен обид за создавање на нов „јужносрпски“, а потоа преку форсирање на нов идентитет – македонски, од страна на комунистичкиот лидер Јосип Броз Тито по Втората светска војна.

„Македонскиот јазик или етничка група не постоеле до 02.08.1944. Нивното создавање е дел од целосната изградба на одделен небугарски идентитет чија цел била да се прекинат врските меѓу населението на тогашната Социјалистичка Република Македонија и Бугарија. Бугарскиот литературен јазик има шест регионални пишани норми (кодификации), три од нив се основаат на дијалекти и три на бугарскиот литературен јазик. Создавањето на македонскиот јазик во 1944 година во екс Југославија беше акт на второстепена кодификација основана врз бугарскиот литературен јазик, дополнително збогатен со форми до домашниот говорен јазик, така симулирајќи природен процес основан на дијалекти. Основите на кои е извршена кодификацијата и начинот на кој е спроведена сведочат дека официјалниот јазик кој се користи во Северна Македонија денес може да се смета само за пишана регионална норма на бугарскиот јазик“, пишува во меморандумот на Софија.

Прочитајте и:  Еден загинат и двајца исчезнати по експлозии во магацини за пиротехнички материјал близу Софија

Освен своите тези за генезата на македонската нација, Бугарија во меморандумот побарала и одржувањето на добрите меѓусоседски односи и спроведувањето на билатералните договори „меѓу Северна Македонија и земјите членки на ЕУ“ да биде составен дел од Преговарачката рамка за прием на земјава во Унијата, но и Македонија да ги суспендира политиките за постоење на македонско малцинство во Бугарија, бидејќи според бугарскиот Устав (а со оглед на бугарската позиција дека македонски етнички идентитет не постои) таквите тврдења биле апсурдни. Во повеќе детали прочитајте ТУКА.

- Реклама -