ВМРО-ДПМНЕ: Енергетскиот сектор буквално се користи за испумпување на парите на граѓаните кон лица блиски до власта

Народот плаќа поскапа струја, за да може Заев да си ги плаќа финансиерите на СДСМ преку милионски тендери, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Енергетските компании кои според Заев работат со намалена добивка и заради кои народот ќе треба да плаќа поскапа струја, немaат проблем да плаќаат милионски тендери за финансиерите на СДСМ.

Во денови кога народот протестира за поскапената струја, Заев преку АД ЕЛЕМ му даде тендер од 6.4 милиони евра на Силјан Мицевски, кој јавно на суд призна дека го финансирал СДСМ.

Струмичка агенција за обезбедување испумпала десетина милиони евра преку универзалниот снабдувач на електрична енергија, камиони со струмички регистарски таблички вртат во РЕК Битола, а фирмите на финансиерите на СДСМ добиваат милионски тендери за ископ на јаглен и јаловина“, обвинуваат од опозицијата.

 

Според нив, целиот енергетски сектор буквално се користи за испумпување на парите на граѓаните во приватни џебови на лица блиски до власта и токму тоа – да има повеќе за нив, е причината што на власта ѝ е потребно народот повеќе да плаќа. Желбата за профит е причина за поскапената струја, и сите лоши политики во енергетиката, категорични се од ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитајте и:  РКЕ: Издадени 254 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори

Тие реагираат и на обвинувањата дека за време на  нивното владеење струјата била поскапа.

„Лага е дека струјата поевтинила. Граѓаните нека ги споредат сметките од 2017-та и денес и ќе видат дека Заев драстично ја зголемил цената за да го покрие својот криминал“, се вели во соопштението.

Профитерството во енергетиката на грбот на народот мора да запре, а власта веднаш да ги реализира барањата на народот и на ВМРО-ДПМНЕ (1. Враќање на старата цена на струјата; 2. Викенд без ДДВ во септември; 3. Професионализација на РКЕ.), порачува опозицијата, потсетувајќи дека „поради молкот на власта“ денеска во 14 часот ќе ја блокираат раскрсницата пред РКЕ.

- Реклама -