Пратеникот Крмов со селфи од Автобуска: „Пратеничката плата е повеќе од доволна, кога ќе дојдеме на власт сѐ ќе ви укинеме“

„Не е фора више ни со точак. Фора е да идеш на работа у Собрание со АВТОБУС, како секој нормален граѓанин у Македонија“, пишува на Фејсбук претседателот на Левица – Димитар Апасиев, споделувајќи статус на неговиот сопартиец и колега во парламентот – Борислав Крмов.

Како што напиша Крмов, пратеничката плата е сосема доволна, а сѐ друго, алудирајќи пред сѐ на патните трошоци, е „безобразие и грабеж на оваа бедна и напатена земја“. Крмов истакна и дека дел од платата тој и Апасиев донираат во солидарниот фонд на партијата:

„Дома со автобус. Пратеничката плата е повеќе од доволна за да се покријат сите трошоци за пат, хранарина, престој во Скопје и плус да се донира 25% во Солидарниот фонд на Левица, што е наша партиска обврска. Сѐ друго е невидено безобразие и грабеж на оваа бедна и напатена земја. Ние не дојдовме тука да профитираме на грбот на народот, туку да бидеме неговиот глас во законодавниот дом!“, напиша Крмов.

Притоа, преку препознатливиот стил на Левица со провокативни хаштази, испрати и порака до идните пратеници:

„Кога ќе дојдеме на бласт сѐ ќе ви укинеме“, напиша Крмов.

- Реклама -