Крмов: Левица е македонска партија, ама не е на Македонците, туку е класна партија

„Ние, Левица, тука во парламентот сме единствената класна партија, и ние планираме на Албанците да им се обраќаме класно. Не само на Албанците, туку и на сите други малцинства. Значи, Левица е македонска партија, ама Левица не е партија на Македонците“, порача сопартиецот и колега пратеник на Димитар Апасиев – Борислав Крмов, на денешната собраниска седница на која се дискутира за новата влада.

Крмов истакна дека од ’91 година наваму тој нема забележано некоја од албанските партии да им се обраќа на Албанците класно, како што Левица се обраќа (и) кон Македонците.

„Мислам дека тоа ќе биде една промена, едно освежување,  затоа што за нас сиромав човек е сиромав човек. Албанец работник, Македонец работник, Македонец земјоделец, Албанец земјоделец – за нас тоа е исто. Значи, ние сме македонска партија, но не и партија на Македонците“, истакна Крмов во обраќањето, за кое потоа дури доби и „пофалба“ од мандатарот Зоран Заев, кој практично ја покани Левица да биде дел од владејачкото мнозинство.

Прочитајте и:  Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка
- Реклама -