Јанушев: ВМРО-ДПMНЕ се откажува од свој потпретседател на Собранието, тоа е непотребен трошок

ВМРО-ДПМНЕ се откажува од потпретседател во Собранието, соопшти генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ – Игор Јанушев, во гостувањето во централниот дневник на „Сител“, потенцирајќи дека тоа би било непотребно трошење на парите на граѓаните.

Јанушев истакна дека „никогаш не било вака“ и дека освен што пет потпретседатели на Собранието би значело дополнително зголемување на трошоците кои ги плаќаат граѓаните, најголем дел од нив, дури и кога би ги имале, ниту еднаш не би седнале на спикерското место.

Претходно, мандатарот Зоран Заев порача дека ако ВМРО-ДПМНЕ се откаже од свој потпретседател во Собранието, тоа ќе го направи и СДСМ.

Тој објасни дека утврдената бројка од пет потпретседатели не значи и дека сите тие позиции ќе бидат пополнети, впрочем како што било во 2017 година, кога од петте предложени беа избрани четири. Притоа ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека го проблематизираат прашањето само заради политички поени.

Прочитајте и:  Петрушевски: МЕПСО под СДС и ДУИ склучило договор со албанска фирма за набавка на уред за 3 милиони евра поскапо од тоа што предвиделе

Но, исто така, Заев истакна и дека оваа функција во Македонија постои „заради столбот на демократијата – парламентот“, како најважна институција. „Ние сме мултиетничка земја, сакаме да имаме застапеност на сите“, додаде тој, посочувајќи дека според Деловникот, еден потпретседател има најголемата опозициска партија.

- Реклама -