ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на Милошоски и обвинетите во „Моќник“: Заев и СДСМ, не ви се плашиме

„Никој, ама баш никој од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ниту се плаши, ниту пак ќе потпадне под притисоците на Заев и СДСМ кои се обидуваат со кривичен прогон да ги покријат сите рекети, скандали, афери и испумпани пари“, реагираа денеска од ВМРО-ДПМНЕ откако скопското Основно јавно обвинителството поднесе Обвинителен акт против пратеникот Антонио Милошоски, неговиот татко и уште едно лице, како и Обвинителен предлог против уште 10 лица, за предметот познат како „Моќник“ по кој претходно постапуваше СЈО, а кој се однесува на продажбата на објект во село Ижишта во Општина Македонски Брод кој го користела општина Пласница.

„Антонијо Милошоски е цел на прогон од Заев и СДСМ, само затоа што е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и затоа што отворено зборува за криминалите на Заев, спрегата на Заев со обвинителството и судството. Заев и СДСМ алатките на власта ги користат само за репрекусии и притисоци врз сите политички неистомисленици“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата. Тие тврдат дека има и други случаи каде се повикуваат членови на ВМРО-ДПМНЕ во обвинителството, дека се врши мобинг врз партиски активисти и се бркаат луѓе од работа „во исто време кога се поскапува цената на струјата, пропаѓа банката Еростандард – скандал тежок 200 милиони евра и беспоговорно се краде народот“. Целта, според нив, е да се заплашат луѓето и да се влијае врз пратениците.

По обвинението се огласи и самиот Милошоски:

„Обвинителството продолжува да биде алатка за притисок на власта кон неистомислениците. Секој опонент на политиката на кланот Заеви кој ги разоткрива аферите на нивното крими-владеење, без разлика дали е новинар, политичар или стопанственик, се соочува со ризикот да биде неосновано обвинет, со цел да биде заплашен, а политичките прогони служат како параван зад кои ќе се кријат актуелните рекети, афери и организиран криминал на власта“, напиша тој на Фејсбук. „Но, сѐ ќе има свој крај, вклучително и политичката злоупотребата на обвинители и судии од страна на власта на Заев“, додаде тој.

ПРОГОН ИЛИ ПРАВДА?

Како што соопшти денеска Обвинителството, во предметот „Моќник“ прво и второобвинетиот се товарат дека сториле едно кривично дело „измама“, додека третообвинетиот – Антонио Милошоски, се товари за „измама“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Според Обвинителниот акт, Милошоски, како исклучително моќен пратеник, влијаел да спречи поништување на одлуката со која државен имот во Македонски брод му бил продаден на неговиот татко, и тоа по цена од 100 денари по метар квадратен, и со тоа овозможил да се ефектуира измамата на првите двајца обвинети.

Имено, во текот на 2011 година, прво и второобвинетиот, заеднички, со намера првообвинетиот да прибави противправна имотна корист, ги довеле во заблуда советниците во Советот на општина Македонски Брод, преку лажно прикажување и со прикривање на факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите кои биле предмет на продажба. Тие ги навеле советниците да изгласаат одлука за отуѓување на недвижен имот за кој советниците сметале дека е „поранешниот задружен дом“, а всушност одобриле отуѓување на зграда со корисна површина од 157м2 со дворно место од 3.920 м2 во с.Ижишта-Општина Македонски Брод, која ја користела општина Пласница. Со тоа, со продажбата на објектот нанеле штета на Република Северна Македонија во значителна вредност од 1.795.800,00 денари и за продажбата на земјиштето нанеле штета на општината Македонски Брод во значителна вредност од 1.176.000,00 денари.

Милошоски, пак, според Обвинителството, со особен придонес кон делото, а директно искористувајќи ја својата позиција на пратеник, вршел континуиран притисок во органите на државната управа, Државното правобранителство и судовите за да не се поништи купопродажбата, со што овозможил да се реализира последицата од делото.

Имено, на 27.10.2011 година, првообвинетиот писмено се обратил до советот на општина Македонски Брод со барање да донесат одлука за продажба на задружниот дом во с.Ижиште и лажно во барањето навел дека истиот веќе го користи тој простор, сопственост на општината и сака да отвори сопствен бизнис, иако знаел дека објектот е всушност руинираниот дел запишан во катастарот на недвижностите кој го користел градоначалникот и општинската администрација на општина Пласница и Управата за водење на матични книги.

 

На 28.10.2011 година советот на општина Македонски Брод ја одржал 33-тата седница, на која се разгледувало барањето од првообвинетиот, притоа збор земал второобвинетиот и лажно презентирал дека се работи за објект кој на барателот му бил даден на користење на 30 години од претходниот совет, а за што имало договор, па за да може да се направи вложување во објектот второобвинетиот побарал од советот да донесе одлука и да му се продаде објектот на прообвинетиот преку јавна лицитација.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

На 28.10.2011 година советот на општина Македонски Брод ја одржал 33-тата седница, на која се разгледувало барањето од првообвинетиот, притоа збор земал второобвинетиот и лажно презентирал дека се работи за објект кој на барателот му бил даден на користење на 30 години од претходниот совет, а за што имало договор, па за да може да се направи вложување во објектот второобвинетиот побарал од советот да донесе одлука и да му се продаде објектот на прообвинетиот преку јавна лицитација.

Советниците, доведени во заблуда со лажно прикажаните и прикриени факти за тоа кој објект е предмет на продажба, едногласно донеле одлука за отуѓување на зградата и во апсолутна заблуда му овозможиле на второобвинетиот да започне со постапката за продажба на објектот и дворното место. По што второобвинетиот, а за да се избегне конкурентноста во наддавањето и да не се јави друг заинтересиран купувач, не го објавил огласот за продажба во службен весник, па како наддавач се пријавил само првообвинетиот, кој единствено знаел за денот на јавното наддавање и го купил објектот кој бил сопственост на државата за цена од 1.795.800,00 денари, што е 670 денари повеќе од почетно определената за наддавањето.

Парите биле уплатени на сметка на Општина Македонски Брод, а со второобвинетиот бил склучен договор за купопродажба, кој како сопственик на објектот подоцна успеал во катастар да го впише објектот на свое име, како наводна техничка исправка, иако немал основа за такво впишување. Тој го купил и земјиштето по цена од 100 денари по м2, во постапка без јавно наддавање. Имено, иако според одлуката на советот на општината најниска (почетна) цена во постапката за јавно наддавање за предметното земјиште требало да биде 100 денари по м2, и истата била објавена во службен гласник на општина Македонски брод, па сепак, донесена е одлука со ист евиденциски број, со која цената на земјиштето се ограничува да не биде поголема од 100 денари по м2. Тоа го искористиле прво и второобвинетиот и постигнале договор за купопродажба на земјиштето по цена од 100 денари по м2, а реалната вредност определена со актите на општината за тој регион била предвидена на 400 ден по м2.

Откако Градоначалникот на општина Пласница дознал дека објектот во кој е сместена администрацијата на општина Пласница и неговиот кабинет се продадени, телефонски контактирал со третообвинетиот, а побарал и од владата да ја испита постапката за продажба. Владата оформила комисија, но Милошоски, искористувајќи ја својата позиција на пратеник од владејачката партија, вршел континуиран притисок врз сите институции кои постапувале по овој предмет, а со цел да остане во правна сила незаконитата продажба на објектот и земјиштето, констатира Обвинителството.

Паралелно со притисокот врз надлежните за непреземање активности за преиспитување на продажбата, Милошоски, во име на Претседател на комисијата за надворешна политика, преку писмени барања иницирал инспекциски и полициски контроли врз едно правно лице, а организирал друго лице да поднесе барање до Комисијата за лустрација со наводи кои треба да иницираат постапка за лустрација против судијата, сега покоен, Драги Билески.

Притоа, Милошоски умислено го поттикнал четвртообвинетиот Томе Аџиев – тогаш претседател на Комисијата за лустрација, врз основа на тие наводи да отвори повторна постапка за лустрација над судијата. Постапката за лустрација била отворена и Аџиев заедно со останатите деветмина обвинети членови на Комисијата, како службени лица, постапувајќи во рамките на своите службени овластувања, со умисла, иако знаеле дека не се исполнети критериумите за лустрација, донеле одлука за лустрација на оштетениот Билески, кој бил времено оддалечен од вршење на функцијата судија во Основен суд Кичево, а потоа со одлука на истиот орган е утврден и престанок на вршење на судиската функција на оштетениот, со што потешко му ги повредиле неговите права.

Меѓу деветте обвинети членови на поранешната Комисија за лустрација се и членот на СДСМ во ДИК – Јанаќе Витаноски, како и Вецко Здравевски – сопруг на скопска обвинителка, пренесува „САКАМДАКАЖАМ.мк“.

Нарачувањето на лустрацијата беше дел од „бомбите“ кои беа објавени за пратеникот Милошоски.

- Реклама -