„Газета експрес“: Можна е оставка на Али Ахмети во септември

Можно е Али Ахмети да си даде оставка од позицијата претседател на Демократската унија за интеграција. Причина е поканата да сведочи во Хаг, пишува приштинскиот весник „Газета експрес“.

Како што објаснува весникот, сведочењето и интервјуата од страна на обвинителите на специјализираниот суд се долг процес, што ќе му оневозможи на Ахмети да ги извршува своите должности како претседател на партијата.

Неговата евентуална оставка би се очекувала во септември, откако Ахмети ќе замине во Хаг на крајот на месецов. Неофицијални извори на „Газета експрес“ како негов можен заменик го посочуваат Артан Груби, кој би бил в.д. претседател на партијата сѐ до следниот партиски конгрес.

Порталот „Лидер“, пак, кој се повикува на свои извори, пишува дека со оглед на незадоволството во одредени ограноци на ДУИ, еден од најсериозните кандидати за наследник на Али Ахмети е Изет Меџити, претседател на чаирскиот огранок и поранешен градоначалник на општината. Според „Лидер“, Меџити е човекот што ги обединува чаирското и сарајското крило на партијата, а во негов прилог оди и тоа што токму тој ѝ донесе на партијата 30.000 гласови во првата изборна единица.

Прочитајте и:  Коалиција Вреди: Недемократската унија за дезинтеграција (НУД) се обидува да ги вовлече Албанците во нивните напори да ја избегнат правдата

 

- Реклама -