На комшиите им светнаа очињата: „Бугарија да искористи што Бујар Османи ќе биде МНР“

Информациите дека Бујар Османи од ДУИ ќе биде новиот шеф на дипломатијата, израдуваа одредени кругови во соседна Бугарија, меѓу кои новинарот Љупчо Нешков.

Во разговор за комерцијалната телевизија БТВ, Нешков вели дека е „добра вест“ за Бугарија што новиот министер за надворешни работи – Бујар Османи, никогаш не зборувал за „црвени линии“ како неговиот претходник – досегашниот министер Никола Димитров, пренесува порталот „Експрес“.

„Во една од последните објави на својот профил на Фејсбук пред десетина дена Османи сподели видео од неговото учество при потпишувањето на Договорот (за пријателство, добрососедство и соработка – н.з.). Така што, тоа што македонската страна тврди дека ќе го исполнува треба да се случи и во пракса, а нашите не треба да ја пропуштат оваа можност и да одолговлекуваат. Политичарите доаѓаат и си одат, но географијата останува. Ние остануваме еден до друг“, порача Нешков, потенцирајќи дека не треба да се губи време и дека треба да се искористи „новиот момент“. Повеќе ТУКА.

Прочитајте и:  Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава
- Реклама -