Пратеници од ДУИ го блокираат изборот на Талат Џафери за собраниски спикер?

Неизвесно е дали денеска ќе продолжи конститутивната седница на Собранието, како што се очекуваше, а на која требаше да се избере Талат Џафери за собраниски спикер и во овој мандат.

Како што објави „Независен“, а повикувајќи се на повеќе медиуми на албански јазик, причина се внатрешните незадоволство и расправии во ДУИ и одбивањето на Изет Меџити (поранешен градоначалник на Чаир) и Арбен Зибери ( внук на предизборниот кандидат за премиер Албанец на ДУИ – Насер Зибери) да гласаат за Џафери, а без кои парламентарното мнозинство има само 60 гласа.

Имено, во ограноците на ДУИ во Чаир и Сарај се јавило големо незадоволство поради предлозите Артан Груби, Бујар Османи и Фатмир Бесими да бидат на чело на клучните ресори што треба да им припаднат на интегративците. Арбен Зибери, пак, практично беше разрешен од Филипче од позицијата директор на Центарот за јавно здравје-Скопје зашто се стави во служба на партијата, и корона-кризата ја искористи за кампања за неговиот чичко да стане премиер, со тоа што објави дека како член на Комисијата за заразни болести придонел да се отворат границите за да можат Албанците да дојдат и да гласаат за Зибери да биде прв премиер со албанско етничко потекло. Во повеќе детали прочитајте ТУКА.

Прочитајте и:  Лефков: Дрин Ахмети книжел милиони под закрила на институциите водени од кадри на ДУИ

 

- Реклама -