Соседи пријавиле ТВ уредник од Кавадарци затоа што позитивен на Ковид-19 седел во сопствениот двор!

Од многуте интервјуа со пациенти позитивни на Ковид-19, евидентно е дека речиси сите тие, покрај тоа што се борат со болеста, мора да се справуваат и со предрасудите на околината, пишува „Фокус“. Последен е примерот на новинарот и уредник во КТВ – Ангел Данов.

Како што вели Данев, се тестирал веднаш откако качил температура, која траела еден ден, и ги почитувал сите здравствени мерки, вклучително и самоизолацијата.

„Во изолација е и моето семејство. И покрај тоа што сега сум без симптоми, останувам дома, до добивањето на два негативни резултати од тестови, како што налага законот. Но, имав непријатно изненадување, кога полицијата ми кажа дека мои соседи ме пријавиле, бидејќи сум седел во сопствениот двор! Тоа не е никаков прекршок, нормално дека седев сам, немав контакт со никого. Полициските службеници веднаш, во старт ми кажаа дека пријавата е отфрлена, бидејќи е неоснована, но сето ова е показател на менталниот склоп на поединци“, раскажува тој за „Фокус“.

Сепак, ова негово доживување е само мал дел од сето она што како комшиски муабети го изнаслушал за себе. Прочитајте ТУКА.

- Реклама -