Богоевски: Профата со 10.00 просек не го повлекол депозитот на Левица во Еуростандард банка од над 30 илјади евра

Фејсбук статус на Павле Богоевски, поранешен пратеник

Извесно е дека правното лице Политичка партија Левица има депозит поголем од 30.000ЕУР во Еуростандард Банка. Партиската сметка за изборите е со код на Еуростандард Банка.

Затоа се изненадив кога димчевистиве со молскавична брзина се потресоа во име на „обесправениот работник и граѓанин“. Профата со 10,00 просек не ги забележал предупредувачките знаци кои ги забележале многу други и си ги повлекле сретствата. Затоа и во моментот на пропаѓањето само 74 ентитети имале депозити поголеми од 30.000 ЕУР во Еуростандард Банка. Па сега уште и пампари со некави реформи за „антилихварско банкарство“.

Да се разбереме – пропаѓањето на Еуростандард е трагедија која ќе ги влоши и искомплицира животите на голем број граѓани кои имаат заштедено во банката и ќе ја загрози ликвидноста на голем број фирми. Дополнително, Менаџментот и тимот на Еуростандард низ годиниве имаат донирано огромни пари во хуманитарни цели и имаат помогнато на голем број луѓе и ако ништо друго – од тој аспект ми е жал што повеќе нема да бидат на сцената и што броен и професионален кадар ќе треба да бара нови работни места.

Прочитајте и:  Апасиев праша за признавање на Палестина, премиерот Мицкоски повика на мир

Ама друштво – парите на ВИСТИНСКАТА работничка класа, таа што нема депозити поголеми од 30.000 ЕУР – се заштитени и ќе бидат директно обесштетени. Сретствата ќе може да си ги побараат и останатите доверители преку стечајната маса, ама за жал тоа ќе оди подолго и потешко. Тоа е реалноста.

Многу ми е криво што ќе му заглават парите на димче ама нели левица беше партија од народот за народот на која не и’ требаат тешко заработените пари на граѓаните???

Во меѓувреме со најавените реформи на банкарскиот сектор димче ќе може само да се слика и да држи пресови – бидејќи тој текст никогаш нема да биде преточен во Закон. И тој го знае тоа, ама не му е важна ниту реформата, ниту граѓаните – туку само публицитетот кој ќе си го добие пенавејќи се на сметка на „лошите капиталисти“.

А да – очигледно и многу му е гајле за парите на обесправените граѓани, се’ додека тој лично е „најобесправениот“.

- Реклама -