Апасиев: Чим им влеговме, нема излегуење (ВИДЕО)

„Денес, за прв пат во историјата на Македонија, претставници на угнетената класа станаа полноправни членови на Законодавниот дом!“, велат од партијата Левица, чии двајца пратеници – лидерот Димитар Апасиев и Борислав Крмов, денеска присуствуваа на конститутивната седница во Собранието.

„Нашата искрена и бескомпромисна борба за праведна и слободна РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – градена со автентичен политички активизам – денес доби парламентарен облик преку кој ќе поставиме нови стандарди на политичко делување. Борбата за правда е долга и племенита – и истата допрва започнува! 🇲🇰 “, велат од Левица.

Од партијата додаваат и дека нивните пратеници во Собранието пристигнале со велосипед, како што беше и најавено. Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Прочитајте и:  Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се огласи и Апасиев, со порака: „Чим им влеговме, нема излегуење“.

- Реклама -