„Сител“: Новата цена на струјата ќе биде повисока за 7.5 до 8%

Новата цена на електричната енергија ќе биде повисока за 7.5 до 8%, неофицијално дознава „Сител“.

Според нивните информации, државните електрани побарале зголемување од 10 проценти, додека електропреносниот оператор МЕПСО пријавил зголемени трошоци за околу 70%.

Според „Сител“, евтината тарифа нема да се укинува, а можно е намалување на цената на парното греење.

Новите цени Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) официјално ќе ги објави во текот на денешниот ден.

Прочитајте и:  РКЕ: Издадени 254 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори
- Реклама -