Македонија ќе донира средства во НАТО фондот за справување со Ковид-19

На денешната 78-ма владина седница, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за контрибуција на Република Северна Македонија во Доверителниот фонд на НАТО за справување со пандемијата КОВИД-19, информира прес-службата.

Како што соопштуваат, Министерството за финансии добило задолжение, согласно можностите, да издвои финансиски средства од Буџетот за 2020 година за учество во Доверителниот фонд на НАТО.

Како што велат од Владата, оваа донација ќе биде израз на посветеноста на Владата на Република Северна Македонија да придонесе во заедничките напори на Алијансата за справување со пандемијата КОВИД-19.

- Реклама -