Нелогичности на сите страни: ДУИ победиле на избирачки места каде претходно освојувале по 2 гласови

Медиумите објавуваат сѐ повеќе нелогичности во резултатите кои повремено се појавуваат на главно целосно паднатиот вебсајт на електронскиот систем на Државната изборна комисија – rezultati.sec.mk. Се зголемуваат сомнежите дека гласовите од предвремените парламентарни избори се погрешно впишани или прикажани на страната на ДИК, пишува „А1он“.

Покрај претходно посочените примери, „А1он“ посочува уште еден апсурд; ДУИ, според нелогичните резултати, победиле на избирачки места во општини како Карпош и Кисела Вода, каде претходно освојувале најмногу по два гласа.

Според „А1он“, кој се повикува на свои извори, со упад во системот на ДИК погрешно се распределени околу 80 илјади гласови, од кои голем дел се одземени од контото на СДСМ. Повеќе ТУКА.

Прочитајте и:  ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Како што пренесовме претходно, електронскиот систем за изборни резултати во реално време на ДИК е под хакерски напад уште од вчера, набрзо по затворањето на гласачките места. Како што пренесува „Телма“, ДИК веќе пријавила во МВР дека е хакирана.

На хакерите синоќа на денот на избори им потклекна и агрегаторот на вести Time.mk, а според „Телма“ нападнати биле и други важни мети – покрај нивниот сајт, така и мрежите на операторите Телеком и А1, но и други важни вебсајтови.

Од ДИК веќе потврдија дека рачно ги проверуваат записниците и гласовите.

 

- Реклама -