Македонија се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Македонија се приклучува глобалната набавка на вакцини против КОВИД-19.

Како што информираат од Владата, на денешната 76-та седница ја разгледала и усвоила Информација за можноста на Република Северна Македонија да се приклучи кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19, преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини за КОВИД-19.

Притоа, Владата го овластила министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, да ја потпише необврзувачкатa изјава за намери за приклучување кон COVAX механизмот, и да учествува во дискусиите за консултации за дизајнот и принципите на работа на механизмот, што ќе се одржат во текот на овој месец, велат од Владата.

Прочитајте и:  Филипче: Ги исцпривме сите механизми за свикување на Комисијата за Законот за бранителите, сега ќе видиме што ќе се случи
- Реклама -