24-годишната пациентка меѓу денешните 8 починати немала никакви претходни хронични болести

Меѓу осумте починати од коронавирус во последниве 24 часа за кои информираше Министерството за здравство, за жал, се најде и најмладата жртва на вирусот од почетокот на епидемијата во земјава.

Се работи за 24-годишна пациентка од Јегуновце, тетовско. Таа починала на Инфективната клиника во Скопје, а претходно немала никакви хронични болести, ниту пак била ставена на респиратор, потврдуваат од Министерството за повеќе медиуми.

Според информациите на „Фокус“, пациентката била примена на 28 јуни, со тешка клиничка слика, откако два дена се лекувала во болницата во Тетово, а претходно една недела била на домашно лекување.

Директорката на Инфективна – Милена Стевановиќ, за „А1он“ потврдува дека состојбата на девојката нагло се влошила. Според неа, во таа една недела пред да биде хоспитализирана, девојката имала покачена температура, малаксалост и отежнато дишење. Откако се јавила кај матичниот лекар, ѝ биле давани инфузии, но состојбата не се подобрувала. На Инфективна била префрлена поради тежината на клиничката слика, со ниска сатурација и отежнато дишење.

Одредено време имало подобрување, а потоа состојбата нагло се влошича и девојката починала како резултат на силно попуштање на срцето и белодробна тромб емболија, иако биле преземени сите можности за лекување, во тесна консултација со кардиолог, додава директорката на клиниката. Според Стевановиќ, ова не е прв ваков случај. Прочитајте ТУКА.

 

- Реклама -