Русија одобри нов лек против Ковид-19, прв што се бори против самиот коронавирус

Русија одобри нов антивирусен лек – коронавир, за лекување на заболените од Ковид-19, соопшти руската фармацевтска компанија R-Pharm во средата, кога бројот на заразени во  земјата надмина 7000 илјади.

Во соопштението на R-Pharm се наведува дека клиничкото испитување, во кое биле вклучени благи или средно тешки случаи, покажало дека лекот е многу ефикасен во спречување на репликацијата (размножувањето) на новиот коронавирус.

„Коронавир е еден од првите лекови во Русија и светот кој не се бори против компликациите предизвикани од SARS-CoV-2, туку против самиот вирус“, велат од компанијата.

На седмиот ден од лекувањето, кај пациенти кои не биле хоспитализирани, клиничката студија покажала подобрување кај 55% од заболените кои го примале лекот, во споредба со 20% кај оние кои примале стандардна терапија. До петтиот ден од лекувањето, новиот коронавирус бил елиминиран кај 77.5% од пациентите кои биле третирани со коронавир, тврди R-Pharm.

Прочитајте и:  Русија ги брише талибанците од листата на терористи

„Глобалната клиничка пракса и клиничка студија која ја спроведовме, потврдија дека коронавир многу побрзо ја запира инфекцијата, што е резултат на неговото ефикасно попречување на репликацијата на вирусот“, рече Михаил Самсонов – медицински директор на компанијата.

 

Тестирањето почна кон крајот на мај и со лекот биле лекувани повеќе од 110 заболени, изјави директорката за клинички испитувања од Централниот истражувачки институт за епидемиологија – Татјана Рјаженцова.

Ова е трет лек во Русија кој е регистриран за третман на новиот коронавирус. Првиот, авифавир, на пациентите им се дава од 11 јуни.

- Реклама -