СДСМ не отстапува од концептот „Едно општество за сите“ и се обраќа до сите етнички заедници, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски во гостување во „Телма“, коментирајќи ја изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев на ТВ дуелот на „ТВ24“ со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за можна размена на пратеници со цел да се избегне уцената од страна на ДУИ доколку интегративците инсистираат на премиер Албанец.
Како што рече Спасовски, поентата на Заев му била не друго, туку да долови колку ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби на изборите, пренесува „Фокус“.
Сепак, Спасовски истакна и дека ДУИ не може да настапува како ексклузивен претставник на Албанците.