Заев: Никогаш во животот не сум бил пијан, ја промашил Али Ахмети работата

Лидерот на СДСМ – Зоран Заев, вели дека изјавата на Али Ахмети (дека пред митинг пие две-три чаши ракија и зборува нешта за кои после се кае, а на состаноците со Ахмети зборува сосема друго) не може да биде подалеку од вистината. Прашан за ова, Заев се изнасмеа и одмавнува со рака:

„Ах… Ако некој не пие алкохол, Зоран Заев е тоа, ја погодил работата. Човекот промашил комплетно. Значи Зоран Заев може со македонско вино, со домашна ракија да наздрави, ама под дејство на алкохол… не сум бил никогаш пијан во животот. Така да, секојпат јас можам да дружам, да седам со луѓе во ресторан и секаде кадешто се прави муабет, ама под дејство на алкохол… Ја промашил мојот коалиционен досегашен партнер – господинот Али Ахмети, оваа работа“, рече Заев. Неговата реакција можете да ја видите ТУКА.

- Реклама -