Мисајловски: Чаир заслужува посебен акцент, овде граѓаните се чувствуваат како граѓани од втор ред

„ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе ги зголеми пензиите за преку 20%, бидејќи заслужуваат и се столб на општеството“, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ од Чаир, каде се сретна, меѓу другото, и со повозрасните чаирчани.

„Тие тука во Чаир живеат и живееле со години, сакаат да останат тука, затоа треба да им го подобриме стандардот, но не само на пензионерите, туку и на сите останати. Затоа ветуваме поголеми плати, како и подобар животен стандард.

Тука доста граѓани се чувствуваат како граѓани од втор ред, бидејќи институциите не работат за нив, бидејќи локалната и централната власт сосема ги заборави

Чаир е место кое заслужува да му се даде посебен акцент, Чаир не смее да се заборави и овие луѓе тука кои се останати да живеат, сакаат само една подобра перспективност, подобар стандард и нивните деца да продолжат да живеат тука“, рече Мисајловски и ја побара поддршката на жителите на населбата за обнова на Македонија – за обнова во културата, обнова во инфраструктурата, обнова на, како што рече, традицијата и достоинството и на семејните вредности, но и за младите да останат овде.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

Мисајловски вети и инфраструктурни објекти и поголеми капитални инвестиции, а ја обвини СДСМ дека „ни камче не мрднала“ од Поликлиниката Чаир, иако ветувала комплетна реновација.

„Ние можеби ветуваме илјадници проекти, но сите тие се издржани, сите тие ќе бидат исполнети, затоа што ние стоиме позади секој еден проект. Можеби не ветуваме сѐ и сешто, но она што ќе го ветиме, ќе го исполниме“, додаде Мисајловски.

 

- Реклама -