Најцрн ден од почетокот на епидемијата: 12 починати пациенти од коронавирус во последните 24 часа, 132 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 868 тестирања, информираат од Министерството за здравство. Регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 57
-Куманово 10
-Дебар 1
-Штип 13
-Прилеп 7
-Тетово 19
-Струга 3
-Велес 4
-Битола 1
-Охрид 5
-Кавадарци 1
-Гостивар 6
-Пробиштип 2
-Свети Николе 2
-Ресен 1

Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти од Струга на возраст од 60 и 66 години, пациент од Тетово на возраст од 49 години и пациент од Скопје на 72 години.

Во ГОБ „8 Септември“ починати се четири лица, тројца пациенти од Скопје на возраст 56,69 и 75 години и пациентка од Велес на 68 години.

Во болницата во Штип е починат пациент на возраст од 81 година. Во Гостивар е починат пациент на 70 години. Во Тетово е починат пациент на 62-годишна возраст.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира оздравени 112 пациенти од:

-Скопје 42
-Штип 40
-Прилеп 1
-Тетово 16
-Велес 1
-Гостивар 5
-Кочани 2
-Пробиштип 3
-Свети Николе 2

Досега во земјата се направени вкупно 59.633 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.209, бројката на оздравени пациенти е 2427, на починати е 298, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.484. Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3006, активни 1986
• Куманово 750, активни 293
• Дебар 92, активни 40
• Штип 332, активни 148
• Прилеп 257, активни 33
• Тетово 681, активни 366
• Струга 218, активни 133
• Велес 182, активни 37
• Битола 50, активни 17
• Охрид 167, активни 143
• Кавадарци 15, активни 9
• Гостивар 117, активни 62
• Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 15, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 69, активни 22
• Пробиштип 17, активни 9
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 4, активни 2
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 2, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 27, активни 23
• Кичево 30, активни 25
• Ресен 100, активни 94
• Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

- Реклама -