Активни случаи на Ковид-19 во Скопје: Чаир убедливо на врвот со 169, Центар ги помина Бутел и Гази Баба

Фото: Томислав Георгиев / Фокус

Тестирани се вкупно 854 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 111 нови позитивни случаи од 9 градови во државата (Табела 1). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (57,7%).

По вчера објавените 111 нови случаи на Ковид-19, Скопје и Тетово остануваат најзафатени региони во моментов, односно региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата, согласно епидемиолошки обработените податоци.

Од новозаразените 111, најмноу се од Скопје – 64, односно 57.7% од вкупниот број нови случаи. Тетово, пак, е петти на листата со 8 новозаразени, зад Штип – 12, Куманово – 10 и Кочани – 9.

По обработените податоци за активни случаи на Ковид-19 по општини, Чаир и понатаму останува убедливо на врвот. Пораст, меѓутоа, има и во Центар, кој сега има повеќе активни случаи од Бутел, Гази Баба, Аеродром и Сарај.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека: Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), Тетово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), Штип е во фаза 3 (локализирана трансмисија), а останатиот дел од Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи), се вели во извештајот на ИЈЗ.

- Реклама -