Советникот на Чулев призна дека седел со Мицкоски во кафеаната во Дебар Маало

Во телефонски разговор за „ТВ24“, поранешниот шеф на УБК и сега советник на Наќе Чулев – Љупчо Андоновски, потврди дека на 3 јуни бил во друштво на Христијан Мицкоски во затворениот дел во „Винотека“.

И тој, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека е подготвен да си ја плати казната, но и се правда дека не му биле познати протоколите зашто не можел да ги следи сите мерки, бидејќи „се менувале во пет до дванаесет“.

Андоновски тврди и дека не е точно дека некој се обидувал да ги скрие снимките од безбедносните камери, иако тие, според информациите на „ТВ24“, биле пронајдени во буре по двочасовна потрага. Прочитајте ТУКА.

 

Прочитајте и:  Мицкоски: Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот, ќе се покаже кои се пратениците
- Реклама -