Неофицијално: 120 новозаразени во последниве 24 часа, најмногу од почетокот на пандемијата!

Според неофицијални извори на „Алсат“, земјава денеска ќе го доживее најголемиот пик на епидемијата на Ковид-19.

Како што објави телевизијата, во последниве 24 часа се регистрирани 120 новозаразени од коронавирус.

Доколку и официјалниот биланс на ИЈЗ го потврди тоа, тоа ќе претставува трет ден со трицифрен број на новозаразени од почетокот на пандемијата па до денес, но уште позагрижувачки, тоа ќе претставува и највисок пик на нови случаи во земјава. Досега најголем број новодијагностицирани беше забележан на 15/16 април, кога беа регистрирани 107 нови случаи. Вчера, пак, во земјава беа регистрирани 101 новозаболени од Ковид-19.

Директорот на СЗО за итни ситуации – Мајк Рајан, неодамна предупреди дека во земјите во кои се чини дека пандемијата стивнува, доколку не се внимателни, може да се случи „втор пик“ пред да се случи вториот бран.

 

- Реклама -