Вицепремиерот Бујар Османи кој е и претседател на владиниот Кризен штаб, ги повика граѓаните да го заштитат своето и здравјето на своите роднини, порачувајќи дека ниту една друга мерка нема таков ефект како личната грижа и заштита.
Османи сподели и видео во кое се прикажува како се одвиваше растот на бројот на починати од Ковид-19 спореден со бројот на смртни случаи од други причини, притоа потенцијално најавувајќи голем број новозаразени во земјава во последните 24 часа:
„Следете ја смртноста на Ковид19 во споредба со другите причини. Ниту една рестриктивна мерка нема ефект како лична грижа и заштита. Денес во МКД бројките значително се зголемуваат. Заштитете се себе си и вашите роднини“, напиша Османи.