ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Филипче за фијаско: Не се криви граѓаните туку системот кој не функционира

„Состојбата со Ковид епидемијата е алармантна, а на владата и се случува здравствена капитулација. Денес дрско, безобзирно и неодговорно министерот за здравство Венко Филипче вината да ја префрла кај граѓаните, или кај МВР, истиот тој кој заедно со владата не убедуваше дека состојбата е под контрола, дека пикот е поминат и дека заразата е победена“, обвини денеска на партиска прес-конференција Игор Николов – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Викаат дека ги држат кластерите под контрола, за да денеска биде јасно и податоците зборуваат дека состојбата е целосно надвор од контрола. Ова се нивните зборови, но и очај затоа што бројките се други. Граѓаните не се виновни, виновна е власта кој што не го заштитува здравјето на граѓаните и носи чудни мерки Имаме чисто фијаско на Владата на Спасовски, и Филипче кое што граѓаните го плаќаат со животите. Граѓаните се препуштени сами на себе, затоа што сами мора да се грижат за сопственото здравје заради нивните мерки.

За три дена имаме 10 починати, 115 ново заразени, од кој само денес се 52 заразени. Македонија по бројот на заболените станува изолиран случај кој е на врвот по неуспешноста.

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и повикува на разрешување на членовите на Комисијата за заразни болести и итно формирање на нова составена од експерти и надпартиски решенија кои нема да подлегнат под политички влијанија и ќе донесат итен пакет на мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

Оваа комисија носеше одлуки кои министерот само ги читаше, тие се збунувачки и донесени под политичко влијание и притисоци. За жал професионалноста потлекна, а оваа истата комисија има дури 6 директори на клиники кои што се поставени и назначени од Венко Филипче и Зоран Заев. Очигледно овде спиралата оди Заев, Филипче, одлуки на комисијата. Затоа потребни се експерти кои ќе одлучуваат“, рече Николов.

Тој се обрати и лично кон министерот Венко Филипче:

„Министре, веќе три месеци Ве оставивме да се справувате со кризава, несакајќи да правиме опструкции или да попречуваме спроведување на мерки за една ваква сериозна состојба каква што досега не сме виделе. Верувавме во членовите на комисијата, верувавме дека нема да се мешате и да им влијаете на овие врвни експерти и верувавме дека ќе го донесете најсоодветното и најдоброто решение бидејќи ги имамвме луѓето од Македонија. Верувавме дека вие нема да влијаете на нивните одлуки и дека одлуките ќе бидат исклучиво нивни и базирани на најновите сознанија за КОВИД -19.

Прочитајте и:  Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка

Не уверувавте дека мора да се затвориме, дека животот на било кој граѓанин е најважен и дека тој нема цена. Не уверувавте дека имате јасна визија, и дека тоа е единствениот начин на борба со овој невидлив непријател.

Но, во овој три месечен период ни покажа дека немате визија министре, не знаете ни како ќе заврши оваа работа, ни како ќе заврше ова пандемија, ги менувавте членовите од комисијата по потреба и ваши мерки, одлуките и мерките беа најмалку донесени под влијание на експертиза, туку под политички влијанија, беа чудни и несоодветни. Не направивте контрола на инфекцијата, имаме најголем број на новозаразени во регионот и покрај најрестрективните мерки кои што ги спроведувавте. За жал, имате најголема број на починати лица на милион жители во регионот, а далеку сме, многу далеку од информации за колективниот имунитет.

Во овој три месечен период не успеавте да направиме добри протокли ни за дијагноза и третман на болните со КОВИД -19 или они кои што не се со Ковид, а најголемата последица во овој тримесечен период беше загриженоста за здравјето на граѓаните, затворени училишта, затворени фабрики. И кога виовте дека далеку сте од решение, далеку сте од излез од пандемијава, најдовте спектакуларно решение, дека народот е крив. Три месеци не држевте во страв дека ќе се случи катастрофа, а таа ни се случува сега после три месеци,

Министре потребни се ефикасни решенија. Потребно е да се престане да се глуми нормализација, потребно е да бидете одговорна Влада, тоа го очекуваат граѓаните на Македонија“, порачаа Николов и ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -