Скопска „САВАНА“
Во славната скопска Савана
На секој чекор по една кафана
Слонот вцрвенет и сив
Се запил со лавот див
Зебричката салатка боцка
И од среќа под маса си клоцка
За жирафата нема веќе марула
Од мака и доаѓа да заурла
Хипо си ветува сит,
“од наредниот месец сум фит“
Носорогот не го примаат
Ги мрзи по него да собираат
by Марта Чупевска (повеќе од авторката, на Фејсбук: https://www.facebook.com/marta.cupevska )