368 лица добиле решенија за изолација, многу повеќе отколку во претходните денови

Во текот на изминатото деноноќие (28/29.05.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 368 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација, соопштуваат од МВР.

Во однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 440 прекршоци.

При контроли кај лица во изолација и самоизолација извршени од страна на полициски службеници евидентирано е едно лице кое на ја почитувало мерката за самоизолација.

Што се однесува до бројката на издадени решенија за самоизолација, оваа од изминатото деноноќие е значително повисока од изминатите денови. Така, на пример, во текот на претходното деноноќие (27/28 мај) решенија за изолација им се издадени на 70 лица. Ден претходно, (26/27 мај) решенија им се издадени на 76 лица. Во текот на 25/26 мај, пак, решенија за изолација добиле 68 лица. Во понеделникот пак, МВР соопшти дека во текот на 24/25 мај решенија за изолација им се издадени на 29 лица.

Во неделата (24 мај) се издадени 141 решение за изолација, а во саботата (23 мај) – 48 решенија.

- Реклама -