Индонезискиот министер за безбедност стана мeта на активистите и дел од јавноста откако зборувајќи на тема „новата нормала“ сподели виц во кој коронавирусот се споредува со жена.
Индонезиската влада планира во делови од земјата да го укине карантинот, па министерот, во обид да ја намали загриженоста во јавноста поради релаксирањето на епидемиолошките мерки, имаше видео обраќање во кое порача дека државата и луѓето не можат да продолжат вечно затворени и дека затоа треба да се прилагодат на ситуацијата, но истовремено да се грижат и за здравјето. Притоа, се обиде поентата да ја долови преку шега:
„Пред некој ден пријател ми испрати меме кое вели: Короната е како жена. Прво сакате да ја контролирате, па сфаќате дека тоа не оди. А потоа научувате да живеете со неа“, рече министерот.
Таа негова изјава наиде кај жестоки реакции кај дел од Индонезијците, додека други се позагрижени околу ефектот што ќе го има отворањето на економијата, бидејќи ширењето на вирусот сѐ уште не е запрено.