ВМРО-ДПМНЕ: Од карантин и полициски час право во ресторан – која е логиката?

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со предложената мерка за целосен полициски час за време на продолжениот викенд.

„Нелогично е да се најавува дека рестораните ќе работат од вторник, а да е задолжително седење дома за време на целиот продолжен викенд. Со други зборови недела и понеделник за Владата на СДСМ е опасно, а вторникот не е. Според кои критериуми е донесена ваква препорака?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека е престрога мерката и за целосен полициски час за празникот Велигден, и сега кога е празникот Бајрам. На овој начин се нарушуваат човековите слободи и права.

Воедно со ваквите мерки СДСМ свесно влегува во пpoвоцирање на тeнзии и кoнфликти меѓу населението и ја изложува полициjaта во непосакувана улога.

Прочитајте и:  Ковачки: Зар Ахмети мисли дека некој ќе му дозволи да си игра со стабилноста на Македонија, тоа е надвор од разумот

На овој начин СДСМ директно ја злoyпотребува здравствената криза согласно дневно политичките потреби и си игра со чувствата на граѓаните.

Со оглед на тоа дека земјава е на врвот по штeтнитe последици од коронавирусот, потребно е суштинско делување“, се вели во соопштението.

- Реклама -