Мицкоски: Очекував повеќе од Комисијата за заразни болести

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, не е целосно задоволен од работата на Комисијата за заразни болести во однос на изготвените протоколи. Во интервју за „Сител“, Мицкоски рече дека очекувал Комисијата повеќе да се потруди:

„Имаше некои протоколи од Комисијата за заразни болести кои беа од 4 реченици кои во принцип секој граѓанин ги знае – дека треба да одржува лична хигиена, дека треба да мие раце, дека доколку се наоѓа во затворена просторија треба да има ракавици и треба да има маска на лицето, кога е на отворено треба да држи дистанца од еден и пол до два метра и таа затворена просторија секој еден час да се проветрува.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

Навистина јас немам проблем со кредибилитетот на луѓето, таму има и медицинско лице кое што е и кандидат за пратеник од СДСМ која што се потпишала на тој документ, немам проблем со нивниот медицински кредибилитет, но навистина бев изненаден од слабата содржина“, рече Мицкоски.

- Реклама -