Целосно оздравеа 91% од здравствените работници кои беа заболени од КОВИД-19, се пофали министерот Венко Филипче денеска на социјалните мрежи.
„Им оддавам чест за храброста и посветеноста. На сите останати им посакувам брзо закрепнување“, напиша Филипче.
Според извештајот на Институтот за јавно здравје, заклучно со 16 мај, во земјава се регистрирани 247 случаи на Ковид-19 меѓу здравствените работници, што претставува 14% од вкупниот број на потврдени случаи од почетокот на епидемијата.