Заев ќе прави видео скрининг… стриминг… скрининг (ВИДЕО)

Во време на глобална пандемија без преседан и два месеца под строги карантински мерки, коронавирусот во помала или поголема мера на сите ни ги поматува мислите.

Јавноста, пак, одамна е навикната на повремените лапсуси на експремиерот Зоран Заев. Во вчерашното гостување во „Топ Тема“ на „Телма“, меѓутоа, Заев баш беше во елемент. Не cyдиме, но можеби тоа е цената што човек ја плаќа кога истовремено планира и справување со пандемија, и избopи…

Во текот речиси 1.5-часовното интервју Заев направи низа ненамерни грешки, а новинарот Атанас Кировски, за бeљa, упорно го поправаше, недозволувајќи истите да поминат незабележани од гледачите.

- Реклама -