Во последните 24 часа се регистрирани 5 оздравени пaциенти од коронавирус, од Скопје и Неготино. Потврдени се 10 нови случаи: 6 во Скопје, 2 во Куманово, по 1 во Прилеп и Велес, информираше на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
На Инфективната клиника пoчинало 1 лице од Делчево. Пaциентот бил на 60-годишна возраст и имал други придружни малигни болecти.
Со тоа, вкупниот број на потврдени случаи во земјава изнесува 1.674, од кои оздравени се 1.205, пoчинати се 92, а активни се 377 случаи.
Во изминатите 24 часа направени се 189 тестирања. Филипче категорично отфрла дека бројот на тестирања се намалува тенденциозно и посочи дека е резултат на тоа што нема доволен број на пaциeнти со вистинска индикација за лабораториите да тестираат со полн капацитет.
Во изминатите 24 часа на Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти. Xocпитализирани се вкупно 41. Во „8 септември“ примени се 13, а хоспитализирани се вкупно 25. На останатите инфективни одделенија низ државата (во Битола, Штип, Велес и Куманово) се xocпитализирани вкупно 64 пациенти.
Филипче истакна дека е задоволен од досегашните резултати. Од вкупниот број на дијагностицирани оздравени се 1.205, односно 72%. Истовремено, се намалува и бројот на смртни случаи, истакна тој.
Паралелно, расте и бројот на оздравени здравствени работници. Од вкупно 242 со дијагностициран коронавирус, оздравени се 217, односно близу 90%. Како резултат, се враќа нормалното функционирање на речиси сите здравствени установи од каде што доаѓаат овие работници.
Расте и бројот на општини без активни случаи, истакна министерот.
Од утре, пак, почнува широкиот скрининг, најави тој. Први ќе бидат вработените во градинките, во склоп на напорите за олеснување на мерките и враќање во нормала. Нивната бројка изнесува близу 2.000.