Нема олеснување на мерките, Комисијата за заразни болести ја одложи седницата

Сега засега нема олеснување на мерките против ширење на Ковид-19. Комисијата за заразни болести, која требаше ова прашање да го разгледува денеска, ја одложи седницата за утре.

Според извори од комисијата за „Алсат“, седницата е одложена поради денешниот релативно голем број на новозаразени – 22 од 145 тестирани.

Се очекува одлуката да биде донесена врз основа на статистиката од последните два дена (денес и утре).

- Реклама -