Комисијата за заразни болести е загрижена од порастот на бројот на новозаболени во последниве денови, а одлуката да нема олабавување на мерките е производ токму на таквата загриженост, објасни за „Телма“ Прим.др Жарко Караџовски.
Како што соопштува тој, Комисијата за заразни болести утврдила дека 20 од денес новозаразените 36 лица биле во контакт со заpaзен.
„Тоа значи дека најверојатно се работи за непочитување на мерките“, посочува Караџовски.
Согласно периодот на инкубација на коронавирусот – од 10 до 14 дена, новoзаpaзените се разултат на периодот околу Велигден и 1-ви Мај, додава тој. Повеќе ТУКА.