Бујар Османи е негативен на коронавирус, останува во самоизолација

Резултатот од првиот тест за коронавирус на вицепремиерот за европски прашања е негативен, објави самиот Бујар Османи денеска на Фејсбук.

Тој беше дел владините претставници кои присуствуваа на состанокот во Куманово заедно со градоначалникот Максим Димитриевски, ден пред Димитриевски да објави дека е меѓу новозаразените од Куманово, односно дека порано таа недела бил тестиран и резултатот му е позитивен.

Сепак, и покрај негативниот тест, Османи останува во самоизолација уште 7 дена, чекајќи го и вториот, се надева(ме), негативен резултат.

- Реклама -