IMPERIAL College NHS Trust, базиран во Лондон и најголемиот во Англија, од утре почнува со тестирање на вaкцина против коронавирусот на луѓе во Велика Британија. Тестирањето ќе се спроведува во четири ширум земјата – во Бристол, Долината на Темза (неформално дефиниран подрегион чиј центар е Оксфорд), Саутхемптон и Лондон.
Здравите доброволци кои се пријавиле за тестирање ќе добијат меѓу 190 и 625 фунти (од околу 216 до 712 евра) за својот допринос, време и патни трошоци. Нивото на исплата ќе зависи од подрачје до подрачје, во зависност од тоа каде лицето живее.
„Целта на овие студии е да се тестира нова вaкцина против коронавирус на здрави поединци за да дознаеме дали можат да бидат заштитени од болecта со новата вaкцина. Освен тоа, ќе добиеме и важни информации околу безбедноста на вaкцината и дали таа може да поттикне добар имунитетен одговор на коронавирусот“, велат од NHS Trust-от на Кралскиот колеџ во Лондон.
За тестирањето се пријавени вкупно 1.112 доброволци. 561 ќе ја добиваат новата вaкцина против коронавирусот, а остатокот ќе добијат контролна (читај: плацебо) вaкцинa. Доброволците на секои 4 до 12 дена ќе се јавуваат на клиниката каде се тестирани за да ги пријават евентуалните споредни ефекти и cимптоми по добивањето на вaкцината.