18 нови случаи од 263 тестирани и тројца нови пoчинати од коронавирус во земјава

Регистриран е 21 излекуван пaциeнт – 16 од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови. Со ова до денеска, бројката на излекувани пaциeнти во земјата изнесува 200.

Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на коронавирус.

Скопје-2
Куманово-9
Штип-2
Тетово-2
Велес-1
Гостивар-1
Пехчево-1

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пaциeнти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1225.

Пoчинати се тројца пaциeнти позитивни на ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една пaциeнтка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71 годишен пaциeнт од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.

Во ГОБ „8 септември“ почина пaциeнтка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, примени се 3 пaциeнти од Скопје, Струга и Прилеп со средно-тешка и тешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 56, од кои 18 се на кислородна поддршка, а 3 се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 15 нови пaциeнти. Суспектни пaциeнти кои добија негативен резултат се префрлени на други оддели, па во моментов на одделот за ковид се хоспитализирани 34 потврдени и суспектни пaциeнти. Со потешка клиничка слика се 9 пaциeнти, а 6 се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14 пaциeнти потврдени и суспектни на ковид, а на домашно лекување се следат уште 15 пaциeнти.

Во штипската болница во мометов се лекуваат 5 ковид позитивни пaциeнти, сите во стабилна состојба, а на домашно лекување се следат 19 пaциeнти.

Во изминатото деноноќие направени се 263 теста. Преку ИЈЗ –252, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек –0, Филип Втори (Жан Митрев) –0 и Систина со PCR метода -11. Досега во земјата се направени вкупно 12133 тестирања на ковид -19.

- Реклама -